logo
logo
logo

Лапорта имаше што да му каже на капитенот по неговата изјава за Олмо!(ВИДЕО)

Vecer | 07.01.2025

Лапорта имаше што да му каже на капитенот по неговата изјава за Олмо!(ВИДЕО)

Шокантна беше изјавата на Рафиња, капитенот на Барселона за се она што се случува со Дани Олмо. Тој на прес истакна дека би се замислил дали би дошол во Барселона ако сега игра за некој друг клуб.

Јасно е дека се ова и тоа како го разлути претседателот на Барса, Хоан Лапорта кој вечерва на тренингот во пресрет на утрешниот меч во Суперкупот во Џеда, имаше и тоа како што да му каже на својот капитен.

Од видеото се гледа дека разговорот не е баш толку срдечен, тоа било разговор на повисок тон, а по него на прашањето на новинарите дали Лапорта му лут, Рафиња кажа:

Зошто би бил лут? Јас ништо не излажав“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk