Денес ќе се одиграат првите натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа. Програмата ќе започне со 4 натпревари во 18:45 часот, а најголем интерес ќе предизвика италијанското дерби Болоња – Рома. И двата тима претрпеа порази во последното коло од Серија А, но се многу мотивирани да продолжат понатаму во вториот најсилен европски клупски турнир.
Астон Вила ќе гостува кај Лил во обид да им се одмазди за елиминацијата во четвртфиналето од Конференциската лига во 2024 година. Панатинаикос ќе биде домаќин на Бетис, а Штутгарт ќе го пречека Порто во уште еден натпревар меѓу екипи со амбиции да стигнат до финалето на натпреварувањето.
Во вечерните дуели од 21 часот, Нотингем Форест е домаќин против Митјиланд, а Селта го пречекува Лион, кој традиционално игра силно на европските турнири. Ференцварош ќе се соочи со Брага, а интересен ќе биде и натпреварот меѓу Генк и Фрајбург.
Thursday can’t come soon enough 🧡#UEL pic.twitter.com/Dk5pVd5U3E
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) March 9, 2026
Вечерва се играат и првите натпревари од осминафиналето во Конференциската лига. Таму меѓу најинтересните дуели се издвојуваат пресметките меѓу Кристал Палас и АЕК Ларнака, како и мечот на Фиорентина против полски Раков на „Артемио Франки“. Самсунспор кој ја елиминираше Шкендија ќе има тешка задача против Рајо Ваљекано, додека Стразбур гостува кај хрватскиот шампион Риека.
The round of 16 starts this week 🍿#UECL pic.twitter.com/r7mDzOdpDU
— UEFA Conference League (@Conf_League) March 9, 2026