logo
logo
logo

Реал (М) доби рекордни 139 милиони евра од ланскиот настап во Лигата на шампионите

Vecer | 03.04.2025

Реал (М) доби рекордни 139 милиони евра од ланскиот настап во Лигата на шампионите

Реал Мадрид доби најмногу пари од сите европски тимови кои минатата сезона учествуваа во Лигата на шампионите. Според финансискиот извештај на УЕФА, мадридскиот клуб, кој ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2023/24, добил околу 139 милиони евра, од кои 14 милиони се од приходите од продажбата на телевизиските права.

ПСЖ се најде на второто место според паричната награда (122,4 милиони евра), додека Борусија Дортмунд, која играше во финалето на Лигата на шампионите, се најде на третото место (120 милиони евра).

Манчестер Сити доби 110,5 милиони евра од УЕФА за настап во Лигата на шампионите и 4,5 милиони евра за настап во Суперкупот на Европа против Севиља. Приходите на Барселона изнесуваат 98 милиони евра.

Од учесниците во Лигата на Европа најмногу заработи Баер (Л) кој во финалето загуби од Аталанта. Сумата која ја инкасираа Германците е 41,2 милиони евра. Клубот од Бергамо доби околу 34 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk