Трофејниот унгарски тим, Ференцварош има ново блескаво тренерско име. Легендата на фудбалот во Ирска, Роби Кин е нов шеф на струката во најтрофејниот фудбалски колектив во Унгарија, кој пак доаѓа на местот на Паскал Јансен.
Кин нема преголемо искуство како тренер, и досега ги водеше сак АТК, односно Макаби Тел Авив, со кого го освои купот на Израел.
Ференцварош во моментов е во битка за титулата во домашниот шампионат, и е втор на табелата, а е сеуште и дел од Лигата на Европа.