Фудбалерите на Рома ја совладаа екипата на Лацио со 2:0 во големото италијанско „Дерби дека Капитале“ вечерва во Рим. Натпреварите меѓу овие два тима се сметаат за највжештени и најтензични во цела Италија, па така атмосферата не разочара ниту вечерва.
Иако Рома влезе како аутсајдер во натпреварот сепак екипата предводена од Клаудио Раниери веќе во првите 20 минути постигна два погодоци и стекна убава предност која ја задржа до крајот на мечот. Резултатот го отвори Пелегрини во 10-тата минута, а во 18-тата Салемакерс погоди за 2:0 и го постави конечниот резултат на натпреварот. Во 95-тата минута Тати Кастељанос го изгуби трпението и доби директен црвен картон.
Со оваа победа Рома се искачи на 10-тото место на табелата со 23 бода, а Лацио се наоѓа на 4-тото место со 35 освоени бода.