logo
logo
logo

Србија ќе ја пречека Албанија во Белград

Vecer | 12.06.2025

Србија ќе ја пречека Албанија во Белград

Клучните мечеви од тековните Мундијалски квалификации, репрезентацијата на Србија ќе ги игра во Белград, на „Рајко Митиќ“ стадионот. Поточно оние мечеви против Англија и Албанија во септември.

Спектаклот против „Гордиот Албион“ на 9 септември, и мечот против Албанија два дена подоцна, Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи да ги игра на старото добро место, на стадионот на Црвена Звезда.

Периодов, со оглед на фактот што во Србија се изградија неколку нови прекрасни фудбалски зданија, многу често репрезентацијата игра надвор од Белград што е и правилно.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk