logo
logo
logo

Тах ги прекина преговорите со Барса, не сака да му се случи проблемот на Олмо

Vecer | 12.04.2025

Тах ги прекина преговорите со Барса, не сака да му се случи проблемот на Олмо

Барселона, по се изгледа, ќе остане без потписот на дефанзивецот на Баер (Л), Џонатан Тах. Причина, секако се финансиските проблеми.

Според каталонскиот весник „Спорт“, раководството на клубот го информирало агентот Пини Захави дека трансферот на Тах во моментов е невозможен. На Ханси Флик му се допаѓа профилот на дефанзивецот, но поради ограничувањата на финансискиот фер-плеј, сè ќе зависи од тоа кои приоритети ќе ги постави одделот за спорт.

Она што е јасно во овој момент е дека Тах не сака да ја доживее истата судбина на Дани Олмо со проблемот со регистрација. Дефанзивецот сака да се пресели во Барселона, но само ако има чиста ситуација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk