logo
logo
logo

НЕПРЕМОСТИВ ЅИД ОД РАКЕТИ И ДРОНОВИ - Франција планира зголемување на воените залихи

Vecer | 03.04.2026

НЕПРЕМОСТИВ ЅИД ОД РАКЕТИ И ДРОНОВИ - Франција планира зголемување на воените залихи

Франција планира до 2030 година да ги зголеми залихите на ракети и дронови до 400 проценти, пренесува „Политико“.

Предлог-законот, кој ќе биде претставен на 8 април, предвидува издвојување на 8,5 милијарди евра за дронови и ракети, со воспоставување на повеќегодишна рамка за набавка и развој на вооружувањето.

Зголемувањето се однесува на дроновите камикази, водените бомби AASM Hammer за 240 отсто, како и ракетите Aster и Mica за 30 отсто.

Францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорну, истакна дека итноста за набавка на муниција станала очигледна поради конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, кои покажаа колку брзо се троши воената опрема во војни со висок интензитет. Според нацртот, вкупната потрошувачка за одбрана ќе порасне од 63,3 милијарди евра во 2027 година на 76,3 милијарди евра во 2030 година, со годишно одобрување од парламентот.

Франција исто така планира развој на нов тенк за да ги надомести евентуалните застои во заедничката програма со Германија. Планот, сепак, не вклучува набавка на нови борбени авиони „Рафал“, фрегати, ниту финансирање на програмата „Еуродрон“.

Експертите оценуваат дека документот укажува на фокусот на Париз кон „воена економија“ и зголемување на залихите на муниција, додека проширувањето на вооружените сили се остава за периодот по претседателските избори во 2027 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk