Едно лице загина, а петмина се повредени кога мал авион со шест патници се урна и се запали на автопат во американската држава Тексас.
Несреќата се случила во градот Ларедо, на државен автопат, кратко по 22 часот по локално време во вторник навечер, објави АП.
Нема извештаи за повредени во возила на автопатот, соопшти агенцијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата