logo
logo
logo

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ВО ПАРИЗ: Макрон и Стармер бараат трајно решение за Хормуз

Vecer | 14.04.2026

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ВО ПАРИЗ: Макрон и Стармер бараат трајно решение за Хормуз

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер во петок ќе копретседаваат со видео конференција во Париз, на која ќе се дефинира планот за „враќање на слободата на пловидба во Хормушкиот Теснец штом безбедносните услови го дозволат тоа“.

Како што соопштија од Елисејската палата, целта е да се воспостави координирана и независна мултинационална мисија која ќе ги заштитува меѓународните бродови веднаш по завршувањето на конфликтот, пренесува „France24“.

Британскиот премиер Стармер откри дека Лондон веќе успеал да обедини повеќе од 40 нации околу оваа иницијатива. Подготовките се веќе во напредна фаза, а францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, потврди дека генералштабовите на неколку десетици земји веќе работат на дефинирање на рамката за идната мисија. Тој нагласи дека во овој процес е клучна и координацијата со крајбрежните држави во регионот.

Иако мисијата е замислена како строго „одбранбена“, претседателот Макрон повлече јасна граница во однос на ризиците. Тој категорично ја исклучи можноста за придружба на бродови додека сè уште траат бомбардирањата, нагласувајќи дека операцијата ќе започне дури по стабилизирање на теренот. Овој дипломатски напор се смета за клучен за повторно отворање на стратешки најважниот воден пат за светската енергетика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk