logo
logo
logo

Анкета: Светот, освен Западот, не е многу загрижен за враќањето на Трамп

Vecer | 15.01.2025

Анкета: Светот, освен Западот, не е многу загрижен за враќањето на Трамп

Од Индија до Кина, преку Турција и Бразил, повеќето луѓе веруваат дека враќањето на Трамп, кој ја презема функцијата в понеделник, ќе биде позитивно за светскиот мир, за нивните земји и за мнозинството американски граѓани. Овој тренд е особено изразен во Индија, каде така мислат 82 отсто од испитаниците.

Дискурсот на Трамп насочен кон мир во однос на Украина и Блискиот Исток одекна низ целиот свет, според авторите на студијата, спроведена заедно со британскиот универзитет во Оксфорд.

Ова чувство не го делат некои од најблиските сојузници на Вашингтон - Велика Британија, ЕУ, Јужна Кореја, се вели во студијата на ЕЦФР.

Во Европската унија, врз основа на просечниот резултат од анкетираните 11 земји на ЕУ, само 22 отсто од граѓаните веруваат дека враќањето на Трамп ќе биде добра работа за нивната земја, а 29 отсто од испитаниците сметаат дека тоа ќе биде добро за светскиот мир.

Во Велика Британија, претпазливоста кон идниот претседател на САД е најголема, а 50 отсто од анкетираните имаат главно негативен став кон него.

Сепак, како што оценува еден од авторите на студијата, Марк Леонард, наместо да се обидуваат да го предводат глобалниот отпор кон Трамп, Европејците треба да преземат одговорност за одбрана на сопствените интереси и да најдат начин да создадат нови сојузи во свет кој стана повеќе трансакциски.

Во Украина, која е во војна со Русија, испитаниците се главно претпазливи - 26 отсто веруваат дека враќањето на функцијата на американскиот милијардер ќе биде добра работа за нивната земја, но 55 отсто не се изјасниле.

Европејците ќе имаат потешкотии да најдат внатрешно единство или глобална моќ во водење отворен отпор кон новата американска администрација, вели ЕЦФР во резимето на своите заклучоци, додавајќи дека истражувањето покажува дека многумина во светот ја гледаат ЕУ како еднаков играч на САД и Кина, сила од која европските лидери треба да црпат додека влегуваат во турбулентен нов претседателски мандат.

Наместо постојано да гледаат наназад и да зборуваат за либералниот поредок по Студената војна, Европејците треба да се фокусираат на разбирање и согледување на можностите во новиот свет, пишува ЕЦФР.

Истражувањето е спроведено во ноември 2024 година, веднаш по изборот на Трамп за иден претседател на САД, на примерок од 28.549 луѓе, во 24 земји, од кои 16 европски (Бугарија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Унгарија , Шпанија, Италија, Полска, Романија, Португалија, Велика Британија, Украина, Русија, Швајцарија, Турција) и осум надвор од Европа (Индија, Бразил, Индонезија, Кина, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја и САД)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk