Седум смртни случаи има во последниве денови во Франција поради топлинскиот бран, од кои 5 се предизвикани од давење, соопшти портпаролката на француската влада, Мод Брежон.
– Се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време. Ситуацијата дополнително ќе се прецизира по завршувањето на топлинскиот бран – изјави Брежон за каналот ТФ1.
Температурите во Франција и понатаму остануваат необично високи. Осум департмани во западниот дел на земјата прогласија портокалов аларм за опасно топло време, што е без преседан за месецот мај.
„Попладнево максималните температури ќе достигнат од 33 до 36 степени во департманите каде што е прогласен портокалов код за опасно топло време. На ниво на цела Франција овој ден се очекува да биде уште потопол од вчерашниот“, предупреди денеска француската метеоролошка служба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата