logo
logo
logo

Германија ѝ испорача на Украина моќно оружје

Vecer | 15.01.2025

Германија ѝ испорача на Украина моќно оружје

„Украина,ова е сигнал, може да смета на нас. Германија е подготвена да преземе одговорност во Европа“, рече министерот во Касел, каде што производителот на тенкови KNDS го произведува овој борбен систем.

Украинскиот амбасадор Олексеј Макеев симболично ја прими првата од вкупно 54 самоодни хаубици што Германија ќе ѝ ги испорача на Украина. Првите шест системи првично ќе останат во Германија за да се користат за обука на украински војници.

„Не ни требаат посредници, ни требаат сојузници“, рече амбасадорот во врска со можните преговори за завршување на војната. „Мора да се бориме за мир. Добро е да се знае дека Германија е на страната на Украина“, додаде тој.

Како што пишува Киев Индепендент, станува збор за хаубици со топови од 155 мм, поставени на оклопно возило со четири оски („8х8“).

KNDS, заедничко вложување меѓу германската KMW и француската Nexter, вели дека RCH 155 може да истрела до девет проектили во минута. Самоодната хаубица RCH-155 е комбинација од оклопниот транспортер GTK Boxer и автоматската артилериска купола PzH 2000, пишува Kyiv Independent.

Испукува гранати од 155 мм на растојание до 54 километри. Благодарение на основата на тркала, слична на тешко оклопно возило, може брзо да се движи по и надвор од патот со брзина поголема од 100 километри на час.

Украина е првата земја што го доби новиот RCH 155.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk