logo
logo
logo

Извозот на турската одбранбена индустрија минатата година достигна рекордни 7,2 милијарди

Vecer | 05.01.2025

Извозот на турската одбранбена индустрија минатата година достигна рекордни 7,2 милијарди

Извозот на турскиот одбранбен и воздушно-вселенски сектор минатата година изнесуваше рекордни 7,2 милијарди долари, што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со претходната година, соопшти раководителот на Секретаријатот за турската одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, пренесува Анадолија.

Овој резултат за 11 отсто ја надмина годишната цел за извоз од 6,5 милијарди долари. Според Ѓоргун, меѓународната соработка им овозможила на турските компании извоз на нивните производи низ светот.

- Одбранбената индустрија е посветена на иновациите и отворање нови хоризонти. Ќе продолжиме да ги надминуваме рекордите и да ја унапредуваме технолошката моќ на Турција, изјави Ѓоргун.

Фокусот останува на зачувување на позитивниот тренд и зголемување на извозот на производи со висока додадена вредност. - Во 2025 година ќе продолжиме со истата решителност за постигнување одржлив раст, додаде тој./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk