logo
logo
logo

Хамас ослободи тројца заложници во замена за 369 палестински затвореници

Vecer | 15.02.2025

Хамас ослободи тројца заложници во замена за 369 палестински затвореници

Тројцата заложници, меѓу кои се и државјани на САД и Русија, беа преземени од израелските сили во градот кан Јунис, а набргу потоа пристигна првиот автобус со ослободените Палестинци од затворот во западниот брег.

Размената ги отстрани стравувањата дека примирјето во Газа би можело да пропадне пред истекот на неговата прва фаза, која почна на 19 јануари. Пред неколку дена, Израел со поддршка од Доналд Трамп се закани дека ќе го укине примирјето и ќе продолжи со жестоките борби ако заложниците не бидат ослободени до сабота напладне.  

Од 251 заложник, 73 се уште се во Газа, а околу половина од нив се верува дека се мртви. Речиси сите преостанати заложници се мажи, вклучително и израелски војници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk