logo
logo
logo

Конгресмен од Демократската партија поднесе резолуција за импичмент на Трамп

Vecer | 29.04.2025

Конгресмен од Демократската партија поднесе резолуција за импичмент на Трамп

Ова е прв обид годинава на демократски пратеник од Претставничкиот дом да покрене импичмент против претседателот на САД или член на неговата администрација, пренесе денеска порталот Аксиос. Сепак, според оценките, резолуцијата нема големи шанси за успех бидејќи Конгресот е под контрола на републиканците.

- Поднесов резолуција за импичмент на Трамп која содржи седум точки, изјави Танедар во видео објавено синоќа на социјалната мрежа „Икс“. Меѓу обвиненијата се и меѓународна агресија и создавање на нелегитимни институции, како што е новоформираниот Департмент за владина ефикасност (ДОГЕ), предводен од бизнисменот Илон Маск.

Во интервју за магазинот Тајм објавено минатата недела, Трамп изјави дека не настојува да ги прошири овластувањата на претседателската функција, и дека се е во рамките на Уставот. Според него, во првите 100 дена од новиот мандат постигнати се значајни резултати, особено во областа на надворешната трговија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk