logo
logo
logo

Кремљ: Русија чека одговор од Украина за тридневно примирје и директни преговори

Vecer | 29.04.2025

Кремљ: Русија чека одговор од Украина за тридневно примирје и директни преговори

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Русија е подготвена за разговори без никакви предуслови.

- Претседателот Путин многупати кажа дека Русија е подготвена за преговори без никакви предуслови. Но, досега не сме добиле никаков одговор од режимот во Киев, рече Песков.

Путин вчера најави примирје од 8 до 10 мај, за време на прославата на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Украина, пак, реагираше со прашање зошто Русија не го прифаќа нивниот предлог за прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена.

- Ние ги цениме животите на луѓето, а не парадите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Песков изјави дека е тешко да се процени дали Украина ќе се приклучи на предложеното примирје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk