Според соопштението од руското министерство, Лавров и Арагчи детално разговарале за развојот на ситуацијата околу новиот конфликт на Блискиот Исток и напорите што ги преземаат поединечните држави за деескалација на тензиите.
Двајцата министри, исто така, разменија мислења за текот на дискусиите во Советот за безбедност на Обединетите нации за обезбедување на безбедноста на пловидбата низ Ормуската Теснина и надминување на последиците од, како што е наведено, „неиспровоцираната агресија од страна на САД и Израел против Исламската Република Иран“.
САД и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во, како што се наведува, „превентивни напади“, кои следеа по неуспехот на повеќе рунди разговори за нуклеарната програма на Иран. Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ Блискиот Исток.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата