logo
logo
logo

Над 12 илјади станбени објекти и згради уништени или оштетени во досегашните напади врз Техеран

Vecer | 17.03.2026

Над 12 илјади станбени објекти и згради уништени или оштетени во досегашните напади врз Техеран

Ирански медиуми го цитираат Мотамадијан, кој истакнал дека жителите на Техеран чиј објект е оштетен можат да поднесат барања за надомест на штетите до општинската канцеларија.

Според податоците на Министерство за културно наследство на Иран, најмалку 56 музеи, историски споменици и културно-историски локации во земјата се оштетени во тековните американски и израелски напади. Од нив, најмалку 19 се во главниот град, вклучувајќи ја палатата Голестан, Техеранскиот базар и поранешната зграда на Сенатот.

Претходно беа објавени информации за оштетени културни локалитети во градот Исфахан, вклучувајќи делови од џамијата на Имам Шах, сместена на историскиот плоштад Нагш-е Џахан заштитен од УНЕСКО. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk