logo
logo
logo

Над 50 затвореници избегаа од затвор во Индонезија, глумеле дека чекаат за храна (ВИДЕО)

Vecer | 13.03.2025

Над 50 затвореници избегаа од затвор во Индонезија, глумеле дека чекаат за храна (ВИДЕО)

Бегството од затворот Кутачане во југоисточна Индонезија се случило во понеделникот, кога затворениците чекале ред за храна во мензата, пренесува Метро.

Иако обезбедувањето веднаш реагирало и се обиделе да ги спречат затворениците да избегаат, тие ги пробија одбранбените линии и дури 32 избегале, а 21 лице биле вратени во затвор.

„Сè уште активно ги бараме преостанатите бегалци и ги повикуваме да се предадат. Подобро е да се предадат отколку да се соочат со построги казни“, изјави началникот на полицијата Дони Сумарсоно.

Се сомнева дека пренатрупаноста довела до успешното бегство, со оглед на тоа што затворот Кутачане бил наменет за 100 луѓе, а во тоа време имало 350.

Патем, бројот на затвореници во затворот значително се зголемил во последниве години и пренаселеноста може да достигне 133 проценти, според извештајот во септември 2024 година.

Ел Салвадор, исто така, има проблеми со пренатрупаноста, што резултира со изградба на „најголемиот затвор во Латинска Америка“, бидејќи лидерот Наџиб Букеле започна чистка против бандите во земјата.

Способен да прими 40.000 затвореници - речиси половина од целата затворска популација во Британија - објектот се состои од осум големи павилјони. Во секоја ќелија има од 65 до 70 затвореници. Никој не прима посетители.

Многу организации за човекови права се изјаснија против објектот и пошироко против безбедносните политики на Букеле. Заклучиле дека секој затвореник имал просечна површина од само 0,60 квадратни метри, што е кршење на меѓународните стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk