logo
logo
logo

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Vecer | 15.03.2025

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот  Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk