logo
logo
logo

Рубио: Ксенија Карелина, осудена за предавство во Русија, ослободена и на пат за САД

Vecer | 10.04.2025

Рубио: Ксенија Карелина, осудена за предавство во Русија, ослободена и на пат за САД

„Американката Ксенија Карелина е во авион на враќање кон дома во Соединетите Американски Држави. Таа беше неправедно задржана во Русија повеќе од една година, а претседателот Трамп обезбеди нејзино ослободување“, напиша Рубио на мрежата X.

Тој додаде дека Трамп „продолжува да се бори за ослободување на сите Американци“, пренесе Си-Ен-Ен.

Карелина (33) беше осудена за предавство, откако донираше нешто повеќе од 50 долари на американска хуманитарна организација која ја поддржува Украина.

Живеела во Лос Анџелес и вежбала балет, а американско државјанство добила во 2021 година.

Таа отпатувала во Русија во јануари 2024 година за да ги посети својата 90-годишна баба, сестра и родители, со планови да се врати во Лос Анџелес по две недели, но била уапсена.

Американските власти за нејзиното апсење дознаа дури на 8 февруари.

Според веб-страницата што ја водат нејзините поддржувачи, се верува дека таа е неправедно уапсена, а нејзиното ослободување е поздравено како дипломатски успех.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk