Самопрогласен патник низ времето „откри“ три важни идни датуми, вклучувајќи го и почетокот на Третата светска војна.
Еден помина и ништо не се случи, а останаа уште два.
На интернет се претставува како „Тревор патникот низ времето“ и тврди дека е од иднината и носи лоши вести со себе.
Според Тревор, немаме многу време додека не се случи нешто навистина лошо.
Во новото видео објавено на неговиот профил, Тревор пишува: „Еве 3 датуми кога ќе се случи нешто страшно“.
„Запомнете го овој датум 21.2.2024 ќе се случи нешто многу големо“, напиша тој.
„На 29.05.2030 година ќе започне третата светска војна, која ќе трае 7 години меѓу Северот и Југот. Во 2037 година, војната ќе заврши и ќе има уште еден бејби бум, што ќе го зголеми населението енормно“.
Тоа е едно од предвидувањата, но не е најчудната работа.
Елвис Томпсон е самопрогласен патник низ времето, предвиде пет катастрофи во 2025 година, а неговото видео го погледнаа повеќе од два милиони луѓе.
Човек кој тврди дека патувал во иднината и објавил предвидувања за пет катаклизмични датуми во 2025 година, стана главна тема на социјалните мрежи.
Некои изразија скептицизам, при што еден на шега коментираше дека Томпсон требало да ги добие броевите на лотаријата следната недела, ако веќе бил во иднина.
Друг изјави дека го чува видеото и дека ќе преземе правни мерки против Томпсон доколку се докаже дека неговите предвидувања се лажни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата