logo
logo
logo

Се огласија Хутите по нападот на американски воен брод

Vecer | 03.12.2023

Се огласија Хутите по нападот на американски воен брод

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Хутите рекоа дека извршиле „операција против два израелски брода во теснецот Баб ал-Мандаб“, стратешки воден пат што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, „насочувајќи го првиот брод со проектил, а вториот со дрон“.

Немало непосредна потврда дека има израелска врска со двата брода. Пентагон претходно објави дека бил нападнат брод на американската морнарица и голем број комерцијални бродови.

Хутите во последните недели нападнаа и други бродови, од кои некои се поврзани со израелски бизнисмени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk