logo
logo
logo

Сто дена од почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп

Vecer | 29.04.2025

Сто дена од почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп

Во овие први месеци тој покажа подготвеност да промени многу работи, од надворешната политика, економијата и внатрешните општествени структури. Еден од најважните сегменти на политиката на Трамп од самиот почеток е неговиот пристап кон глобалната трговија, што предизвика значителни промени во американската економска стратегија, откако воведе високи царини на глобално ниво.

Администрацијата на Трамп пак, започна со амбициозни планови за намалување на големината и бројот на владините институции. Дополнително, спроведе нови мерки за имиграција и депортирање на нелегалните мигранти.

Во поглед на надворешната политика пак, покрај за анексијата на Гренланд која ја зададе како задача, се уште во тек се дипломатските напори на неговата администрација за ставање на крај на војната во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk