logo
logo
logo

Судија му нареди на Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени од администрацијата

Vecer | 13.03.2025

Судија му нареди на Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени од администрацијата

Федерален судија во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на Трамп, поточно на шест американски агенции, да ги вратат на работа илјадниците работници кои беа отпуштени како дел од кампањата на претседателот Доналд Трамп за масовно намалување на федералната бирократија.

Одлуката на судијата Вилијам Алсуп, донесена за време на сослушувањето во Сан Франциско, се однесува на Министерството за одбрана, Министерството за ветерани, Министерството за земјоделство, Министерството за енергетика, Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии.

Минатиот месец Алсуп привремено ја блокира Канцеларијата за управување со човечки ресурси (ОПМ), која ги надгледува федералните агенции, да не нареди отпуштања на пробните вработени. Но, тој тогаш не донел одлука за нивното враќање на работа.

Пробните работници обично имаат помалку од една година стаж во нивната сегашна улога, иако некои се долгогодишни државни службеници. Тие имаат помала заштита на работните места од другите владини службеници, но по правило можат да бидат отпуштени само поради слаби резултати.

Судијата Алсуп сега одлучил дека ОПМ нема овластување да наредува отпуштања и дека има докази дека незаконски наредила отпуштања во шест одделенија. Но, тој не им наредил на преостанатите 16 министерства наведени во тужбата од страна на синдикатите и непрофитните организации да ги вратат отпуштените работници.

„Тажен ден е кога нашата влада отпушта добар вработен и тврди дека тоа е за учинок, кога тие многу добро знаат дека тоа е лага“, рече Алсуп.

Размерите на кампањата на Трамп за намалување на федералната бирократија би можеле да станат појасни уште денес, кога истекува рокот за државните агенции да поднесат планови за втор бран масовни отпуштања и буџетски кратења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk