logo
logo
logo

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД

Vecer | 08.12.2025

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, синоќа изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД со цел ставање крај на војната со Русија.

- Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил, рече Трамп синоќа во разговор со новинари.

Трамп додаде дека Русија, како што верува, се согласува со предложениот договор, но дека не е сигурен дали предлогот му одговара и на Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин јавно не го одобри планот на Белата куќа, а американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со него во Кремљ минатата недела, но не успеаја да постигнат јасен напредок.

Од друга страна, преговорите меѓу американските и украинските функционери завршија во саботата без очигледен напредок, а Зеленски ги нарече разговорите „конструктивни, иако не и лесни“, наведува „Гардијан“.

Коментарот на Трамп доаѓа пред денешниот состанок на Зеленски во Лондон со премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, и лидерите на Франција и Германија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk