Американската полиција соопшти дека Рајан Оверем (28) од Орландо, на една група на Инстаграм на која разговарал, изјавил дека планирал да убие луѓе на јавен настан во четврток, објави Сан Антонио Експрес Њуз.
Мажот е уапсен во округот Тревис, каде што се наоѓа фабриката Тесла во близина на градот Остин.
Компанијата била известена на 10 ноември за разговорот и ја известила полицијата, според San Francisco Chronicle.
Детективите му дале задача на Инстаграм да открие кој ги испратил пораките.
Сопственикот на Tesla, Илон Маск, лично во четвртокот им на свеченоста им испорачал неколку сајбер пикапи на клиентите.
Во налогот за апсење на Оверем не е наведено дали целта бил Маск, објави Би-Би-Си.
Оверем е обвинет за терористички закани и е задржан во округот Тревис со кауција од 300.000 долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата