Во текот на ноќта се слушнал тресок во продавница за облека со станови горе на Еренштрасе, објави Експрес.
„Итната помош била известена околу пет часот наутро“, изјавил портпаролот на полицијата.
Жителите биле шокирани од новата експлозија, а еден случаен минувач (40) е повреден.
Полицијата е на терен и го обезбеди местото на инцидентот.
Продавницата за облека „LFDY“е во голема мера уништена - делови од внатрешната облога се искинати, мебелот е уништен, а прозорците искршени. Според првичните информации, противпожарната служба морала да изгасне мал пожар.
Александар К.(31) живее на само 50 метри од продавницата.
„Се слушна силен тресок малку по 5 часот. Отпрвин ништо не видовме, а потоа видовме чад. Набрзо пристигнаа пожарникари и полиција, сè беше блокирано“, рече тој.
Засега нема информации дали овие две експлозии се поврзани.
За потсетување, едно лице е повредено во експлозијата во понеделникот наутро, додека полицијата трага по осомничениот кој е снимен како остава експлозивна направа пред зградата и бега.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата