logo
logo
logo

Кражба или акција на Активистите на „Гринпис“ за осуда на француската дволичност: Восочната фигура на Емануел Макрон пред руската амбасада

Vecer | 03.06.2025

Кражба или акција на Активистите на „Гринпис“ за осуда на француската дволичност: Восочната фигура на Емануел Макрон пред руската амбасада

Активистите на организацијата „Гринпис“ се преправиле во вработени и ја зеле восочната фигура на францускиот претседател Емануел Макрон од музејот Гревен во Париз.

Тие влегле во музејот преправајќи се дека се туристи, а подоцна се пресоблекле во униформи на вработените. Ја покриле фигурата со ќебе и ја изнеле низ излезот за итни случаи, потврди полициски извор за француската агенција АФП. Никој не е уапсен.

Фигурата беше поставена кратко потоа пред зградата на руската амбасада, каде што активистите протестираа против политиката на Макрон кон француските компании кои продолжуваат да соработуваат со Русија по почетокот на нејзината тотална инвазија на Украина.

Нејзината вредност, патем, се проценува на околу 40.000 евра.

Лидерот на француската филијала на Гринпис, Жан-Франсоа Жилард, ги обвини француските власти за двојни стандарди, истакнувајќи дека иако Франција официјално ја поддржува Украина, нејзините компании продолжуваат да увезуваат гас и ѓубрива од Русија.

Според него, Макрон ја симболизира таа политичка недоследност и треба да биде првиот меѓу европските лидери што ќе ги прекине трговските односи со руските компании.

Русија продолжува да профитира од трговијата со Западот

Истрагата на Би-би-си во мај покажа дека Русија продолжува да заработува милијарди од извоз на фосилни горива во западните земји, вклучително и членки на ЕУ.

Од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година, Русија заработила повеќе од 883 милијарди евра од извоз на фосилни горива, од кои дури 228 милијарди доаѓаат од земјите што воведоа санкции врз неа.

Од тоа, 209 милијарди евра доаѓаат од членките на Европската Унија, вклучувајќи 17,9 милијарди од Франција.

Руските податоци покажуваат дека извозот на гас во Европа се зголемил за до 20% во 2024 година, додека извозот на течен природен гас достигна рекордни нивоа.

Иако Франција обезбеди воена помош на Украина и воведе серија санкции врз Русија и нејзините претставници, Макрон, исто така, постојано се закануваше со дополнителни мерки ако Москва не покаже подготвеност за

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk