logo
logo
logo

За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел

Vecer | 20.10.2024

За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел

ИДФ на платформата Икс објави дека израелскиот противвоздушен систем пресретнал дел од проектилите истрелани од Либан.

- По сирените што се огласија од 11:09 до 11:12 часот во подрачјата на Западна Галилеја и Горна Галилеја, околу 70 проектили се идентификувани како преминуваат од Либан, се наведува во соопштението на ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека утрово израелската воени авиони го нападнале седиштето на разузнавачката служба на Хезболах во Либан и подземна работилница за оружје во Бејрут.

ИДФ соопшти и дека при воздушниот напад врз подрачјето Тебине убиен е висок командант на јужниот фронт на Хезболах, Ал-Хај Абас Салма. Според ИДФ, Салма ги надгледувал борбите во подрачјето Бинт Јбеила и извршил голем број напади врз Израел.

- Елиминирани се терористите, експертот за комуникации на Хезболах, Рада Абас Авада и шефот на единицата за производство на оружје Ахмад Али Хусеин, се наведува во соопштението на ИДФ.

Хезболах сè уште не ги коментирал наводите на ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека во изминатите 24 часа убила повеќе од 65 борци на Хезболах во јужен Либан. Израелската војска тврди дека мета на нападите биле околу 175 локации во Либан и во Појасот Газа, вклучително и лансерите на ракети и воените објекти на Хезболах.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk