logo
logo
logo

Бредли Купер е снимен со ќерка му како навива на НФЛ натпревар (ВИДЕО)

Vecer | 27.01.2025

Бредли Купер е снимен со ќерка му како навива на НФЛ натпревар (ВИДЕО)

Актерот излегол на теренот придружуван од ќерката Ли де Сејн (7) која ја има со поранешната девојка, манекенката Ирина Шајк. Бредли мавна кон трибините, од каде му вратија со извици на воодушевување.

На официјалниот Инстаграм профил на НФЛ е објавено видео од Бредли и неговата ќерка. „Доживотен фан на орлите“, гласи описот на видеото кое ги воодушеви обожавателите. „Овие двајца не може да бидат послатки“, се истакна еден коментар под видеото кое собра речиси 80.000 лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NFL (@nfl)

Да потсетиме, Бредли исто така неодамна беше снимен како навива за Филаделфија Иглс. Тој беше на трибините со својата девојка Џиџи Хадид. Актерот и во двата наврати носеше јакна со логото на Eagles, тим кој го поддржува со години. Роден е во предградие на Филаделфија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Со победата Орлите обезбедија пласман во Суперболот кој ќе се одржи на 10 февруари. Таму ќе играат против Канзас Сити Чифс, каде што игра Тревис Келче, момчето на Тејлор Свифт. Пејачката и Тревис се бакнаа на теренот откако Чифс ги победија Бафало Билс и трет пат по ред се пласираа во Супер Боул.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk