Нејзината популарност „експлодира“ пред една година, а исто така и цената на нејзините настапи.
Сега се сети колку ѝ бил првиот хонорар и што можела да купи од него.
- Првата заработувачка ми беше доволна за да купам сендвич, кафе и гуми за џвакање - рекла пејачката, а потоа се осврнала на изјавата на нејзината колешка Галена со која настапила на Ташмајдан, која наводно рекла дека „луѓето во Србија се шовинисти. “.
- Што и да кажам ќе биде погрешно, но познавајќи ја, верувам дека жената воопшто не е во тој стил. Тоа можеби звучеше малку непристојно, но сигурна сум дека е извадено од контекст.“, пишува српски Телеграф.
Инаку Таировиќ е позната по илјадниците евра што ги добива како бакшиш на нејзините настапи. Последниот ваков настан се случи во Нови Пазар.