logo
logo
logo

Опра и „Карпата“ ветија директна исплата за настраданите во пожарите на Хаваи

Vecer | 01.09.2023

Опра и „Карпата“ ветија директна исплата за настраданите во пожарите на Хаваи

Јавниот фонд Мауи има за цел да врши месечни исплати од 1.200 долари за илјадници жртви на шумските пожари што го зафатија островот овој месец. Двете познати личности донираа 10 милиони долари за започнување на собирањето средства и бараат дополнителни донации од јавноста. Официјалниот број на загинати е 115, но многумина се водат како исчезнати три недели подоцна.

Парите ќе одат за возрасни лица, чии домови беа уништени од пожарите во Лахаина и Кула на Мауи. Помош ќе добиваат сопствениците и изнајмувачите на станови, но не и сопствениците кои не живеат во зградите што се уништени.

„Луѓето ќе можат сами да одлучуваат за тоа што им е потребно на нив и на нивните семејства - тоа е нашата цел“, рече Винфри во видеото со Рок објавено на Инстаграм. „Дури и во најтешките времиња, луѓето од Мауи се здружуваат и ние се креваме - тоа е она што нè прави посилни“, рече The Rock.

Винфри повремено живее во Мауи, а Рок како дете живеел на Хаваи и има делумно самоанско потекло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk