Имено, холандската манекенка проговори за бакнежот со познатиот актер и неговите чудни навики во кревет.
Двајцата се запознале во клуб во Лос Анџелес. Во еден момент ѝ пришол менаџерот на Ди Каприо и ѝ рекол дека актерот сака да ја запознае. Конинг тогаш му кажала на Ди Каприо дека знае дека излегува само со убавици помлади од 25 години, на што тој одговорил: „Јас сум виновен!“
„Потоа се бакнавме, беше во ред, но не ни блиску до најдобриот бакнеж во мојот живот. Ме покани да одам дома со него, но јас одбив. Беше шокиран, претпоставувам дека не беше навикнат, но беше љубезен. После тоа, пријде на уште една девојка и отиде дома со неа“, изјавила манекенката.
„Некои од моите пријателки спиеја со Леонардо и рекоа дека тој има бизарна навика во кревет. Една ми рече дека цело време ги држел слушалките на уши „за да не мора да ја слуша“, а на друга ѝ ставил перница врз главата. Дефинитивно е премногу стар и премногу чуден“, заклучила Хајке, пренесува Daily Mail.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата