logo
logo
logo

Тејлор Свифт е личност на годината на „Time“

Vecer | 07.12.2023

Тејлор Свифт е личност на годината на „Time“

 „Ова е моментот кога чувствувам најголема гордост и среќа досега, најкреативно сум исполнета и послободна отколку што некогаш сум била“, изјавила Свифт за магазинот.

Таа претходно доби слични признанија од магазинот „People“, кој ја прогласи за најинтригантна личност во 2023 година, како и од Форбс, кој ја прогласи за број еден на својата листа на најмоќни жени во светот на медиумите и забавата.

Новата милијардерка Свифт инаку има 33 години, 12 пати ја освоила наградата Греми и веројатно е на врвот на кариерата. Таа стана најстримуваниот уметник на платформата „Spotify“ на глобално ниво оваа година.

Според податоците на сервисот, песните на Свифт собрале повеќе од 26,1 милијарди стримови од почетокот на годината.

Инаку според традиција која датира од 1927 година, личноста на годината на Time ја претставува личноста, групата или концептот што најмногу влијаел на насловите, било позитивно или негативно.

Во претходните години тоа беа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, Мартин Лутер Кинг Џуниор, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, папата Франциско и активистката Грета Тунберг.

Личност на годината на Тајм за 2022 година беше украинскиот претседател Володимир Зеленски и „духот на Украина“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk