logo
logo
logo

Жељко Бебек објави снимки од синот, кого го криеше 22 години, сите со ист коментар (ФОТО)

Vecer | 27.01.2025

Жељко Бебек објави снимки од синот, кого го криеше 22 години, сите со ист коментар (ФОТО)

Синот на Жељко Бебек наполнил 22 години, а по тој повод семејството се собра да ги дува свеќичките на роденденската торта после добар оброк, објави Телеграф.

По тој повод после долго време имавме можност да го видиме Звонимир за кого сите се согласија дека е слика на неговиот татко од младоста.

На семејниот собир била и сестрата на Звонимир, Катарина, која очигледно ја наследила убавината од нејзината мајка, која го освоила Жељко кога имала 18 години.

Да потсетиме дека Жељко Бебек (78) е оженет со 34 години помлада жена, а двајцата се запознале додека таа сè уште била на училиште.

Пејачот три пати бил во брак. Првиот пат се оженил со Споменка, која ја роди ќерката Силвија, вториот пат со Сандра, која му ја даде ќерката Бјанка. По два љубовни бродоломи, во 2002 година ја запознава Ружица.

Ружица целосно го освоила, а нивната љубов ја крунисаа со ќерката Катарина и синот Звонимир кој тргнал по стапките на својот татко и е вистински виртуоз на гитара.

Жељко и Ружица ја криеја својата врска од сите. На самиот почеток биле во тајна врска бидејќи се плашеле да не им суди околината поради големата разлика во години. Жељко тогаш имал 52, а Ружица 18 години.

– Ме промени кога влезе во мојот живот – започнал 77-годишниот пејач, а Ружица додаде:

- Жељко некако ме обликуваше. Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку некое дружење сфативме дека сме вистински еден за друг.

- Без разлика што таа беше млада и немаше завршено факултет, или што тогаш имав рокенрол кариера, беше јасно дека доволно омекнав за да почнам да гледам поинаку на животот – објаснува Бебек во тоа време.

-Тоа е онаа, да дојдеше кај мене на 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години, но таа не дојде тогаш, се роди кога ја објавив песната „Битанга и принцеза“. Некаде во повисоките сфери беше одлучено дека треба да се сретнеме“, објаснил Бебек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk