Овој помалку заборавен зеленчук ќе внесе вистинско освежување во вашето секојдневно мени. Пробајте ја оваа чорба од бамји која ќе ви ја врати енергијата, но и ќе ви помогне да бидете „како нови“ после забавна ноќ помината со алкохол.
Бамјата прави 100 чуда за нашиот организам, освен што може да се користи како маска за лице, таа во исхраната помага во борбата против дијабетес, астма, го подобрува имунитетот и ви ја враќа енергијата.
Потребни состојки:
- 450 г бамји
- Половина конзерва пасирани домати
- 1 главица кромид
- 3 чешчиња лук
- Сол и бибер
- Сок од еден лимон
- Масло
- Вода
- Лист од свеж целер
Начин на приготвување: Исечкајте ги кромидот и лукот па ставете ги во неколку лажички маслиново масло во подлабок сад, испржете ги и притоа внимавајте да не загорат. Додадете ги бамјите и на среден оган динстајте 5 до 7 минути, кога ќе се омекнат сипете го доматното пире, зачинете со бибер и сол, па додадете ги лимонот и малку вода. Варете околу половина час на среден оган или додека бамјите не омекнат. Немојте да мешате, туку само протресете го садот со цел бамјите да не се распаднат. Готово е кога бамјите ќе омекнат, но внимавајте да не се распаднат бидејќи треба да го задржат првобитниот облик.Пред служењето исечкајте го целерот, ставете го во чинијата со кришка лимон.
Пријатен апетит!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата