logo
logo
logo

Омилениот леб на Новак Ѓоковиќ: Се прави од ориз и нема глутен

Vecer | 27.04.2024

Омилениот леб на Новак Ѓоковиќ: Се прави од ориз и нема глутен

Првиот пат кога ќе направите леб од ориз, гарантирам дека ќе бидете пријатно изненадени. Овој леб е круна на кулинарското наследство на Југоисточна Азија, но исто така редовно се јаде во поголемиот дел од Индија. Текстурата е чудна на прв поглед, но пријатна, особено крцкавата кора што ќе ја добиете доколку го следите овој рецепт, инаку омилен на Новак Ѓоковиќ. 

Состојки и подготовка:

500 г ориз

300 мл вода

4 лажици масло

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

1 кесичка сув квасец (Прашокот за печиво веројатно ќе ја заврши работата подобро од квасецот.)

Потопете го оризот 2, 3 часа или оставете го преку ноќ пред спиење (но не подолго!) Добро исцедете го оризот, па изблендирајте ги сите состојки. Покријте со алуминиумска фолија, па ставете во загреана рерна (80-100°) половина час - час, за квасецот да си ја заврши работата. Потоа се пече како обичен леб, на 180-200° околу половина час, во зависност од рерната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk