logo
logo
logo

ПИТАТА НА МИХАЈЛО ПУПИН: Магија за сите сетила

Vecer | 04.07.2024

ПИТАТА НА МИХАЈЛО ПУПИН: Магија за сите сетила

Пупинова пита всушност е пита со сливи. Основата се подготвува од комбинација од брашно, маргарин, шеќер, јајца, млеко и прашок за печиво, додека филот содржи сливи, цреши, шеќер, бадеми и ванилин шеќер.

Питата го добила името по Михајло Пупин, научник кој заминал во Америка и првото нешто што го изел таму било пита со сливи.

„Кога се симнав пред четириесет и осум години во Касл Гарден, имав само пет центи во џебот. И ако донесев петстотини долари наместо пет центи, мојата судбина во новата земја, сосема непозната за мене, немаше да биде ништо поразлична. Секој млад доселеник, како и јас тогаш, не почнува ништо додека не ги потроши сите пари што ги донел со себе. Донесов 5 центи и веднаш ги потрошив на едно парче пита со сливи, што и едвак да можеше да се нарече пита. Во неа имаше малку сливи и повеќе семки, а и да донесов петстотини долари, ќе ми требаше само малку повеќе време да ги потрошам, веројатно на слични работи, а борбата за опстанок што ме чекаше ќе останеше иста“, напишал Пупин во своите мемоари.

Се друго е историја. Ова слатко денес се смета за специјалитет во Војводина, а лесно се подготвува, а вкусот е волшебен.

Потребни состојки (за 8 лица):

Тесто

  • 550 г брашно
  • 125 г маргарин
  • 250 г шеќер
  • 2 јајца (едно цело и една жолчка)
  • 2 дл млеко
  • прашак за печиво
  • лажичка сода бикарбона

Фил

  • 700 г сливи
  • 200 г вишни
  • 250 г шеќер
  • 100 г бадеми
  • ½ лажичка ванилин шеќер
  • декорација
  • шеќер во прав

Начин на приготвување:

Излупете ги сливите и извадете ги семките (по желба, посипете ги сливите со цимет). Брашното и маргаринот се мешаат во сад со соодветна големина додека не се добие растресита текстура. Во смесата со маргарин и брашно додадете 250 г шеќер, прашокот за печиво и сода бикарбона, убаво измешајте, а потоа додадете ги јајцето, жолчката и млекото. Месете додека не добиете компактно тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Доколку е потребно, додадете уште брашно.

Тестото поделете го на два дела, со сукало расукајте ја првата „кора“, покријте го дното на добро подмачкана тава или обложена со хартија за печење. На таа кора наредете го овошјето. Овошјето посипете го со крупно мелени бадеми и остатокот од шеќерот. Покријте со друга кора направена од остатокот од тестото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk