logo
logo
logo

Совети за долготрајна свежина на цвеќето

Vecer | 07.04.2025

Совети за долготрајна свежина на цвеќето

Имено, првиот чекор за зачувување на свежината на цвеќето е правилно сечење на стеблото. Тоа треба да се исече под агол од 45 степени, додека сѐ уште е под вода. Оваа постапка го спречува влегувањето на воздух во стеблото, со што се овозможува подобро впивање вода. Корисно е - водата во садот во којшто се чуваат цвеќињата, секогаш да биде свежа. Совет: Менувајте ја секојдневно и за да се спречи развој на бактерии што го забрзуваат гниењето.

Се советува и да се избегнува користење премногу ладна или премногу топла вода. Најдобрата температура на водата за повеќето цвеќиња е собна температура, што овозможува подобра апсорпција на вода и подолг животен век на цвеќето.

Спреј со млако-ладна вода е корисен за ливчињата. Повремено попрскување помага да се задржи влагата на растението. Исто така, треба да го држите цвеќето советот подалеку од овошје бидејќи тоа испушта етилен гас што може да го забрза процесот на гниење.

Како и со промената на водата, неопходно е периодично да се чисти вазната од наслаги на алги и нечистотија.

Исто така, се препорачува вазната со цвеќето да се стави на ладно и темно место, подалеку од директна Сончева светлина, но и провев. Прекумерното Сонце и топлина имаат негативен ефект врз цвеќето. Постудена средина, од друга страна, му помага да остане свежо подолго, пишува порталот „Кликс“.

Покрај тоа, треба редовно да ги отстранувате оштетените цветови и лисја, бидејќи сувите делови го забрзуваат процесот на гниење.

За дополнителна нега на цвеќето, може да се додаде и малку шеќер во водата. Тоа ќе послужи како хранлив извор на енергија за цвеќето. А, малку оцет може да ја одржи водата свежа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk