logo
logo
logo

Сертификацијата на Центарот за обуки е потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Vecer | 13.03.2025

Сертификацијата на Центарот за обуки е потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченото предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ), кое го изврши амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред.

Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk