Тоа е новиот Манчестер Јунајтед. Тоа е новиот шеф во клубот од “Олд Трфорд“ Сер Џим Ретклиф. Имено откако избрка 500 вработени од персоналот, откако им го укина оброкот на преостанатите вработени, сега на ред дојдоа и играчите.
Имено тој одлучил, а веќе им е пренесено, дека има намера и тоа како да ги намали платите на играчите, затоа што биле преплатени во однос на тоа што го даваат како производ.
Веројатно тој мисли дека Манчестер Јунајтед е фабрика или обична фирма. Сепак за возврат играчите ќе добијат огромни бонуси само во случај на добри резултати и освоени титули.