Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати 12 барања до ЕУ, наведувајќи дека унгарскиот народ сака мир, слобода и хармонија и дека Украина не треба да биде членка на Унијата.
Орбан на социјалните мрежи напиша дека Унгарија, меѓу другото, бара од Брисел еднаквост пред законот за сите земји-членки, како и дека сите земји-членки можат да го заштитат својот национален суверенитет и права.
Унгарскиот премиер посочува и дека агентите на американскиот бизнисмен Џорџ Сорос треба да бидат исфрлени од Европската комисија, а како што наведе „корумпираните лобисти“ отстранети од Европскиот парламент.
Орбан забележува и дека унгарската национална гарда не треба да биде попречена во, како што наведе, одбраната на границите на Унгарија од мигрантите.
Тој посочува и дека повеќе не треба да се прифаќаат илегални мигранти, а оние кои дошле нелегално да бидат депортирани.
Орбан наведува дека корупцијата треба да се искорени во ЕУ и дека Унгарија сака да го заштити европското христијанско наследство.
Тој се противи и на нетрадиционалното воспитување деца. На крајот од објавата напиша: „Еднаквост, слобода, братство!“.
What does the Hungarian nation demand from Brussels?
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) March 15, 2025
Let there be peace, freedom, and unity.
1. We demand a Europe of nations.
2. We demand equality before the law for all Member States.
3. Restore the competences unlawfully taken from nations.
4. National sovereignty and a…
„Што бара унгарската нација од Брисел?
Нека има мир, слобода и единство.
1. Бараме Европа на народи.
2. Бараме еднаквост пред законот за сите земји-членки.
3. Вратете ги овластувањата незаконски одземени од народите.
4. Национален суверенитет и силно вето за националните влади.
5. Избркајте ги агентите на Сорос од Комисијата и отстранете ги корумпираните лобисти од Парламентот.
6. Не ја ставајте под хипотека иднината на нашите внуци, елиминирајте го долгот на Унијата.
7. Не ја попречувајте нашата национална гарда да ги заштити нашите граници. Не внесувајте мигранти и отстранете ги оние што пристигнале нелегално.
8. Корумпирани долари и евра не смеат да се слеваат во земјите-членки.
9. Забранете го неприродното превоспитување на нашите деца.
10. Заштитете го христијанското наследство на Европа.
11. Бараме мир во Европа.
12. Унија, но без Украина.
Еднаквост, слобода, братство!“, пишува Орбан на социјалната мрежа Х.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата