„Го победивте ционистичкиот режим, што всушност беше пораз на Америка“, рече Хамнеи, чија земја го поддржува Хамас во војната со Израел, пред палестинската делегација. „Не им дозволивте да постигнат ниту една од нивните цели.“
Иранската телевизија објави дека палестинските лидери биле во Техеран за да му честитаат на Хамнеи на годишнината од иранската револуција во 1979 година. Тие изразија благодарност за континуираната поддршка на Иран.
Во делегацијата, меѓу другите, биле и Мохамад Дарвиш, шеф на раководниот совет на Хамас и највисокиот функционер на Хамас, Низар Авадала.
Членовите на делегацијата му поднесоа извештај на Хамнеи за актуелната ситуација во Газа и Западниот Брег и за „остварените победи и успеси“.
„Горди сме што пристигнуваме на денешната средба со вас“, објави иранската телевизија како зборови на Ал Хаџа до Хамнеи и тој истакнал дека американските закани кон Иран „не влијаат на начинот на кој размислува нашата нација“, објавија иранските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата