На социјалните мрежи се појавија снимки од него како дивее околу Терминал 1, предизвикано од пропуштен лет, јавува Дејли Меил.
„Значителна штета“
Аеродромските власти потврдија дека едно лице предизвикало „значителна штета“ во време кога имало густ патнички сообраќај поради Денот на Свети Патрик.
„Се надеваме дека правосудниот систем ќе одговори соодветно и дека нема да го видиме повеќе на нашиот аеродром“, беше соопштено.
На објавената снимка се гледа како млад човек без кошула фрла предмети околу Терминалот 1, додека збунетите патници немо гледаат.
Наскоро доаѓа на суд
Во еден момент се обидел да искине кабли од опремата на аеродромот, а пред тоа фрлил столчиња и маси во кафулето во близина на излезната капија.
Полицијата потврди дека младиот човек е уапсен и со лисици на рацете е изведен надвор од аеродромот. Не е познато кој лет го пропуштил, а во наредните денови треба да се појави на суд.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата