logo
logo
logo

Руски заменик-министер во посета на Северна Кореја

Vecer | 15.03.2025

Руски заменик-министер во посета на Северна Кореја

 Неговата посета доаѓа во време кога САД предложија прекин на огнот во Украина, а според украински, американски и јужнокорејски извори, илјадници севернокорејски војници се распоредени како поддршка на руските сили.

Руденко е активно вклучен во развојот на односите меѓу Москва и Пјонгјанг по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тој беше и дел од руските делегации во почетните мировни преговори со Украина. Според севернокорејската новинска агенција КЦНА, рускиот дипломат посетил и значаен споменик во Пјонгјанг, но без да даде дополнителни детали.

Американските власти тврдат дека повеќе од 12.000 севернокорејски војници се наоѓаат во Русија и се борат во пограничниот регион Курск. Поранешната заменик-амбасадорка на САД во ОН, Дороти Шеа, во јануари изјави дека тие биле испратени како поддршка за руските сили./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk