„Следно мостови, па електрични централи!“, напиша Трамп доцна синоќа, додавајќи: „Новото раководство на режимот знае што треба да се направи, и мора да се направи, брзо!“
Првично не беше јасно што точно мислеше. Изјавите се чинеше дека се однесуваат на претходните предупредувања на Трамп дека раководството на Иран мора да се согласи на договор за завршување на војната пред да биде предоцна и ништо да не остане од земјата.
Трамп претходно се закани со напади врз електрични централи и електрична инфраструктура ако Техеран отфрли договор со САД.
Претходно вчера, американската војска бомбардираше важен автопатски мост во близина на Техеран.
САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, додека Иран извршува одмазднички напади врз Израел и земјите во регионот кои имаат американско воено присуство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата