Најтежок удар за секој богат човек.
Рекорден број супербогати Норвежани ја напуштаат земјата и заминуваат во земји каде даночната стапка е ниска.
Тие ја напуштаат земјата откако владата на левиот центар го зголеми данокот на богатство за 1,1 отсто.
Повеќе од 30 норвешки милијардери и мултимилионери ја напуштиле Норвешка во 2022 година, покажува истражувањето на весникот „Дагенс Нерингслив“.
Бројот на супербогати луѓе кои ја напуштиле Норвешка минатата година бил поголем отколку во претходните 13 години, се додава.
Се очекува повеќе богати Норвежани да ја напуштат земјата оваа година поради зголемувањето на данокот на богатство во ноември, што ќе ја чини владата десетици милиони евра изгубени даночни приходи.
Многумина се преселиле во Швајцарија, каде данокот е многу помал, пишува „Гардијан“.
Меѓу оние што се преселиле е и индустрискиот тајкун Кјел Инге Роке, кој се преселил во Лугано, во близина на езерото Комо и модниот центар на Европа, Милано.
Роке (64) е четвртиот најбогат Норвежанец, чие богатство се проценува на 1,65 милијарди евра.
Во отвореното писмо, тој рекол дека го избрал Лугано за негова нова резиденција, која „ниту е најевтина, ниту има најниски даночни стапки, но за возврат е на одлично место во Европа“.
- За оние кои се блиски до компанијата и мене, јас сум на еден клик од вас - рекол Роке.
Неговото заминување од Норвешка ќе ја чини оваа скандинавска земја околу 15 милиони евра годишно.
Минатата година Роке бил на прво место по платен данок, како физичко лице, а „Дагенс Неринглисв“ пресмета дека од 2008 година уплатил близу 132 милиони евра во државната каса.
Професорот на Норвешката бизнис школа, Оле Џемс-Онстад, рекол дека проценката за луѓето што ја напуштиле земјата имаат вкупно околу 52,5 милијарди евра.
– Ми се чини дека тоа е малку како Брегзит. Норвешка не е позната по чекорите што си нанесуваат штета, но „поплавата“ од претприемачи кои ја напуштаат земјата предизвика шок. Некои политичари ги обвинуваат богатите луѓе за заминувањето, но мислам дека на многу обични луѓе едноставно не им се допаѓа што нашите најдобри инвеститори ја напуштаат земјата - рекол Џемс-Онстад.
Брокерот и фармер на лосос Торд Уланд Колстад, чие богатство се проценува на околу 132 милиони евра, се преселил од Бодо во Луцерн, Швајцарија.
- Јас не го сакав ова, туку построгите и зголемени даноци на актуелната власт дека јас како основач и одговорен сопственик немам избор - изјави тој за ТВ 2 во Новеш.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата