logo
logo
logo

Анти-рекорд: Манчестер Сити првпат прими 40 гола во една сезона под водство на Пеп

Vecer | 15.03.2025

Анти-рекорд: Манчестер Сити првпат прими 40 гола во една сезона под водство на Пеп

Манчестер Сити постави уште еден анти-рекорд оваа сезона. По денешното реми со Брајтон (2:2), „граѓаните“ дојдоа до 40 примени голови во една сезона, што е најлош скор на тимот под под водство на Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ оваа сезона имаат очајно, а самото тоа се одрази и на бројот на голови кои завршија досега во нивната мрежа. Во сезоната 2016/17, првата сезона на Пеп на чело на овој тим, Сити прими 39 гола. Досега ова беше најлошиот резултат на клубот под водство на поранешниот тренер на Барселона и Баерн.

Со оглед на тоа што има уште многу меча до крајот на сезоната, овој анти-рекорд ќе биде уште поголем.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk